Енис Хилми – две нови книги и силен глас во ZemaF
Со особено задоволство ви ја претставуваме Енис Хилми, членка на Управниот одбор на ZemaF – Центарот на македонските жени e.V. Во 2025 година таа објави две книги:„Берлин, градот што не го засакав на прв поглед“„Уште само еден скок“ Делата беа промовирани во повеќе градови во Македонија, а во наредниот период ќе следуваат и промоции во Берлин. „Берлин, градот што не го засакав на прв поглед“ раскажува лична и искрена приказна за еден град кој полека го освојува вашето срце. „Уште само еден скок“ е нежна и мудра книга во која, преку приказната за едно куче, се зборува за љубовта, приврзаноста, растењето и разделбите. Тоа е книга што се чита брзо, но долго останува во мислите. Горди сме што Енис е дел од ZemaF и ѝ посакуваме уште многу креативни успеси.