35 години независност 🇲🇰
По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35 години од независноста на Република Северна Македонија, претседателката д-р Марија Тренева и потпретседателката д-р Ирена Бојаровска од ZemaF e.V. – Zentrum der Mazedonischen Frauen беа дел од свеченото одбележување во Берлин, одржано во Претставништвото на покраината Северна Рајна-Вестфалија.
Пред бројната публика, свое свечено обраќање имаше Н.Е. амбасадорот проф. Илбер Села, кој се осврна на значењето на македонско-германските односи, блиската билатерална соработка и натамошното поврзување на двете земји.
На присутните им се обрати и д-р Matthias Roßbach, претставник на покраината Северна Рајна-Вестфалија при Сојузната влада, со посебен осврт на блиската и долгогодишна соработка меѓу Северна Рајна-Вестфалија и Македонија.
Особена чест беше и присуството и обраќањето на Gunther Krichbaum, државен министер во Сојузното министерство за надворешни работи на Германија, надлежен за Европа, што дополнително го нагласи значењето на македонско-германските односи и европската соработка.
ZemaF e.V. се претстави со свој штанд, каде што гостите имаа можност поблиску да се запознаат со нашата работа, целите и активностите. Настанот беше прекрасна можност за нови средби, размена на идеи и отворање перспективи за идна соработка.
Свое место во програмата имаа и македонските ресторани и производители, кои преку традиционалната македонска храна и вино претставија дел од богатството на македонската гастрономија и култура.
Особена благодарност упатуваме до Н.Е. амбасадорот проф. Илбер Села и Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин за поканата, поддршката и довербата во работата на ZemaF e.V., како и до Претставништвото на Северна Рајна-Вестфалија за гостопримството и поддршката.
ZemaF e.V. со особена гордост го истакнува придонесот на нашата потпретседателка, д-р Ирена Бојаровска, која со професионалност и елегантност ја водеше и модерираше свечената програма. Нејзиниот ангажман и присуство дадоа значаен придонес кон достоинствената атмосфера и успешната реализација на вечерта.
За ZemaF e.V., ваквите средби претставуваат можност да создаваме нови партнерства, да ги поврзуваме луѓето, организациите и институциите и да придонесуваме кон уште посилни врски меѓу Македонија и Германија.
Со почит кон нашето потекло и со поглед кон иднината, продолжуваме да градиме мостови и да создаваме нови можности за соработка.
Честит 8 Септември – Денот на независноста! 🇲🇰