ZemaF на ITB Berlin 2026 – Македонија во фокусот на меѓународниот туризам

Претставнички на Центарот на македонските жени во Берлин – ZemaF e.V. – учествуваа на ITB Berlin, најголемиот светски саем за туризам, каде што беше претставен и туристичкиот потенцијал на нашата земја. Настанот понуди одлична можност за воспоставување нови контакти, размена на искуства и отворање нови перспективи за поголемо учество на жените во туризмот и претприемништвото.