
ZemaF – Центарот на македонските жени e.V., заедно со членови на DNMBC – Германско-македонскиот бизнис-клуб, оствари работна посета кај градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. На средбата ги претставивме целите и активностите на ZemaF, како и мрежата на македонски жени во дијаспората. Разговаравме и за можностите за соработка меѓу дијаспората, локалната самоуправа и стопанството, со посебен акцент на вмрежувањето, поддршката и развојот на заеднички проекти. Му благодариме на градоначалникот за срдечниот прием и отвореноста за заеднички идеи. Убедени сме дека ваквите средби создаваат реални можности за нови партнерства меѓу Германија и Северна Македонија.


