Со благодарност и почит – оддавање признание на г-ѓа Сузана Трајановска
Понекогаш највредните луѓе што ги среќаваме на нашиот животен пат не се мерат според функцијата што ја извршувале, туку според човечноста што ја оставаат зад себе. Со голема благодарност и искрена почит, ZemaF e.V. – Центарот на македонските жени во Германија ѝ додели почесна благодарница на г-ѓа Сузана Трајановска по повод завршувањето на нејзината дипломатска служба во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин. Ова признание е знак на нашата благодарност за нејзиниот особен придонес во развојот и продлабочувањето на соработката со нашето здружение. Почитувана Сузана, од срце Ви благодариме што секогаш бевте отворена, подготвена да помогнете, професионална и срдечна. Ви благодариме за Вашата поддршка, доверба и за многубројните пријатни разговори. Луѓето како Вас оставаат траги што се протегаат многу подалеку од еден дипломатски мандат. На Вашиот понатамошен личен и професионален пат од срце Ви посакуваме здравје, среќа, успех и многу нови предизвици што ќе Ви донесат исполнетост. Убедени сме дека ова не е збогување, туку почеток на едно убаво пријателство и на нови заеднички проекти.
Со срдечни поздрави и од срце – Ви благодариме!