Силен поттик за науката и соработката во Берлин

На 22 мај 2026 година, амбасадорот проф. д-р Илбер Села и д-р Марија Тренева, претседателка на ZemaF e.V., во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин ја примија научничката д-р Сања Пановска од Германскиот истражувачки центар за геонауки во Потсдам. Д-р Пановска раководи со истражувачки проект на Европскиот истражувачки совет во вредност од 2 милиони евра, а во 2025 година весникот Tagesspiegel ја вброи меѓу 100-те најзначајни научници во Берлин. Во фокусот на средбата беа идни иницијативи, соработки и настани во областите на науката и образованието, како и промоцијата и поддршката на успешни македонски научници и стручни лица во Германија.

#ZemaF #WomenInScience #ScienceDiplomacy #ERC #Tagesspiegel