За ZemaF – Центарот на македонските жени во Берлин

Непрофитна организација од јавен интерес која ги поддржува, поврзува и придружува македонските жени во нивниот личен, семеен, социјален, културен и општествен развој. Создаваме доверлива и инспиративна заедница во која жените имаат простор за средби, размена на искуства и идеи, како и можности за неформално образование, меѓусебна соработка и зачувување на својот културен идентитет. Нашата цел е силна, сигурна и активна заедница која ги поддржува и инспирира жените преку вмрежување, информирање, заеднички иницијативи и проекти.