Заедно ја обликуваме иднината – ZemaF на отворањето на DNMBC

Со големо задоволство присуствувавме на свеченото отворање на Германско-македонскиот бизнис-клуб – DNMBC во Берлин. Како ZemaF – Центар на македонските жени e.V., особено нè радува што во рамките на клубот се создава простор за женско претприемништво, менторство и поддршка на млади бизнис-иницијативи. На членовите на DNMBC им посакуваме многу успех во нивната понатамошна работа и се радуваме на идните заеднички проекти.