Заедно за промоција на македонската традиција и производи
Во рамките на посетата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски по повод саемот „Зелена недела“ во Берлин, се одржа работна средба со претставници од гастрономијата и деловната заедница во Берлин, организирана во соработка со Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин. На средбата учествуваше и претседателката на Центарот на македонските жени e.V. (ZemaF), д-р Марија Тренева. Во разговорот со министерот беше нагласено значењето на македонските земјоделски и прехранбени производи како дел од традицијата, идентитетот и секојдневниот живот – вредности кои особено ги негуваат многу жени од македонската заедница во дијаспората и ги пренесуваат од генерација на генерација. Во рамките на своите активности, ZemaF и понатаму ќе ги промовира македонската култура, традиција и вредности, ќе ги поврзува жените од македонската заедница во Германија и ќе создава простори во кои нашето културно наследство ќе остане живо и ќе се пренесува на идните генерации.