НАШИОТ ТИМ

Д-р Марија Тренева
Д-р Марија Тренева е доктор и научен соработник на Клиниката за анестезиологија, интензивна и итна медицина на Универзитетската болница Charité во Берлин. Паралелно со својата медицинска кариера, таа е на магистерски студии по здравствен менаџмент, со фокус на здравствените системи, лидерството и организацискиот развој.
Покрај клиничката работа, д-р Тренева е вклучена и во медицинската едукација и наставата на студенти по медицина.
Д-р Тренева е и член на Управниот одбор на Асоцијацијата на македонски лекари и стоматолози во Германија.
Повеќе од 10 години е активна во меѓународни професионални и општествено одговорни мрежи, вклучително и како член на Rotary International и Lions Clubs International. Овој долгогодишен ангажман ја одразува нејзината посветеност на меѓународната соработка, општествената одговорност и поврзувањето на луѓе и институции.
Како основач и претседател на ZemaF e.V., д-р Тренева ја основа организацијата со цел да создаде платформа што ги поврзува жените со македонско потекло, професионалците и институциите и отвора можности за професионален развој, размена на искуства и долгорочна соработка.
Нејзината визија за ZemaF e.V. е градење трајни мостови меѓу Северна Македонија, Германија и пошироката меѓународна заедница, со посебен акцент на соработката во здравството, образованието, професионалниот развој и граѓанското општество.

Д-р Ирена Бојаровска
Др. рер. нат. Ирена Бојаровска е применета математичарка со докторат од Technische Universität Berlin. Работи како Applied Scientist во Zalando SE и е доцент по математика во Lyzeum 2. e.V. во Берлин. Таа е администратор на Facebook групата Makedonier in Berlin со повеќе од 5.000 членови, како и на Instagram страницата berlin.mk.edition. Долги години организира настани во македонската заедница во Берлин и е коорганизатор на AI+Var meetup за македонски data scientists и AI ентузијасти. Таа е исто така мајка на три деца и зборува пет јазици.

Д-р Симона Димчевска Саздовска
Др. Симона Димчевска Саздовска е доктор на фармацевтски науки и специјалист по фармацевтска технологија со десетгодишно искуство како наставно-научен соработник и академски истражувач во областа на фармацевтската технологија и нанобиотехнологијата. Има објавено повеќе од 15 трудови во реномирани научни списанија. Таа исто така е мајка и зборува четири јазици.

Татјана Бонет
Татјана Бонет е филмски продуцент, сценарист и истражувач од Берлин со македонски корени. Таа е основач и управител на Rafkin Film Produktion GmbH и има повеќе од 20 години искуство во меѓународната филмска индустрија.

Енис Хилми
Енис Хилми е родена во Охрид и студирала филозофија и административни науки на Универзитетот „Богазичи“ во Истанбул. Таа е автор на повеќе книги и живее на релација Охрид и Берлин.
Поддржано од

Сè уште не сте член?
Пополнете го формуларотПоддржете нè и заедно со нас изградете силна заедница за македонските жени!
Поддржете нè